in

АЦА ЛУКАС НА ВЕЧЕР ЗА ПАМЕТЕЊЕ ВО БИТОЛА, 29 АВГУСТ!

Аца Лукас подготвува уште една незаборавна вечер, а овојпат во Битола! Најпознатото балканско име ги повика своите фанови на концерт кој нема да се пропушти.

Настанот ќе се одржи на 29 август и Лукас најавува дека публиката ќе ужива во вистинска музичка фешта. Тој истакна дека се очекуваат специјални гости, но нивните имиња остануваат таинствени до самото шоу.

„На 29 август се гледаме во Битола, Македонијо! Нè очекува концерт за паметење. Ќе има и гости, како и секогаш одлична забава. Се гледаме!“, порача Лукас, со што ја зголеми возбудата пред настапот.

Неговите концерти секогаш се проследени со висока енергија и популарни хитови, а Лукас најави многу настапи и за 2026 година, вклучувајќи ги и Загреб и Белград.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Хороскоп за денес: Еден знак ќе доживее љубовна средба!