Децата особено ќе уживаат во овој деликатес.
Состојки:
- 3 зрели банани
- 100 гр шеќер
- 250 гр брашно
- 5 лажици масло
- 1 лажица прашок за пециво
- 1 лажица цимет
- прстофат сол
- 100 грама сечкани бадеми или лешници
Подготовка:
Бананите изгмечете ги со вилушка, а потоа додадете масло и шеќер и измешајте. Додадете брашно, прашок за пециво, цимет и сечкани бадеми. Извадете ја смесата за мафини со лажица и ставете ја во калапи кои малку сте ги подмачкале со масло. Се пече околу 25 минути во загреана рерна на 200 C.



GIPHY App Key not set. Please check settings