in

Бидете внимателни: Науката вели дека најмногу срцеви удари се случуваат токму на овој ден од неделата

Фаталните срцеви удари се случуваат почесто во понеделник отколку кој било друг ден во неделата, покажа истражувањето спроведено во Велика Британија.

Научниците кои пет години следеле 10.528 пациенти со срцев удар кои биле примени во болниците низ Ирска, откриле дека во понеделник има 13 отсто повеќе приеми, пренесува Крстарица.

Научниците веруваат дека причината за тоа е природниот циклус на спиење-будење на телото, односно деноноќниот ритам, кој е нарушен за време на викендот бидејќи луѓето се забавуваат до доцна во ноќта и се однесуваат премногу лежерно.

Кога луѓето се враќаат во својот нормален ритам рано наутро во понеделник, тоа предизвикува воспалителни процеси и зголемено лачење на хормони на стрес кои можат да предизвикаат срцев удар.

Студијата опфати пациенти со најсериозен тип на срцев удар, миокарден инфаркт со елевација на ST-сегментот (STEMI), кој се јавува кога главната коронарна артерија е целосно блокирана.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Дневен хороскоп за вторник (30.07.2024)

ВИДЕО Дали цел живот погрешно користиме штипки? Еве го правилниот начин