Тоа може да биде знак на инфекција
Бојата на урината може да биде многу добар показател за состојбата на вашето тело, особено кога станува збор за дехидрација или инфекција.
Чиста или светло жолта урина покажува дека телото е здраво. Чистата урина е уште подобра бидејќи покажува дека сте испиле многу вода и дека вашето тело е хидрирано. Водата ги регулира сите органи и нивната температура и ги транспортира хранливите материи низ телото.
Ако наутро кога првпат уринирате, гледате потемна и многу темно жолта урина, не грижете се бидејќи оваа боја се акумулира преку ноќ. Ако редовно гледате таква боја, треба веднаш да почнете да пиете многу вода. Темно жолтата урина покажува дека на вашето тело му недостасуваат течности и дека телото е дехидрирано.
Бела урина
Белата или заматена урина значи висока концентрација на бели крвни зрнца кои се борат против инфекции, па веројатно имате инфекција на уринарниот тракт.
Доколку имате потреба за често мокрење, болно мокрење, печење при мокрење, задолжително посетете лекар. Но, водата е ваш сојузник и во оваа ситуација. Пијте многу течности и останете топли.



GIPHY App Key not set. Please check settings