Ако сакате да ја израдувате вашата сакана за Денот на вљубените, тогаш можете да направите чизкејк во чаша.
Состојки:
50 гр интегрален бисквит
25 гр омекнат путер
крем:
100 гр грчки јогурт
50 гр свежо крем сирење
75 гр слатка павлака
лажица шеќер во прав
прелив:
250 гр овошје
лажица шеќер
лажица сок од лимон

Подготовка:
Сомелете го бисквитот и измешајте со путерот. Поделете го на две чаши, добро стегнато до дното и ставете го во фрижидер. Изматете ја павлаката со шеќерот во прав додека да стане тврд, па измешајте го јогуртот кој претходно сте го соединиле со крем сирењето.
Внимателно измешајте со лажица и прелијте ги со бисквитите и вратете ги во фрижидер. Овошјето исечкајте го на парчиња, ставете го во тенџере со шеќер и сок од лимон и варете на тивок оган десетина минути со постојано мешање.
Оставете малку да се излади, па прелијте го со кремот со павлака. Оставете го да остане во фрижидер до сервирање.



GIPHY App Key not set. Please check settings