Вкус кој ќе ги задоволи сите сетила.
Состојки:
За кора:
- 100 грама маргарин
- 150 грама мелен бисквит
- 2 лажици какао во прав
- грст мелени лешници, кикиритки или ореви
За фил:
- Половина килограм маскарпоне сирење
- 300 грама чоколадо за готвење
- 200 грама шеќер во прав
- 250 мл слатка павлака
За декорација:
- ореви по желба
- стопено чоколадо по вкус
Подготовка:
- Растопениот маргарин измешајте го со мелените бисквити и мелените ореви, па притиснете го во калап, претходно обложен со хартија за печење.
- Изматете ја слатката павлака додека не добиете густ шлаг, потоа додадете го сирењето и шеќерот во прав и продолжете со матење. Чоколадото растопете го на пареа, па додајте го кога малку ќе се олади.
- Внимателно измешајте, па прелијте со кората од бисквитот и маргаринот.
- Посипете со сецкани ореви и стопено чоколадо.
- Ставете во фрижидер да се стегне.



GIPHY App Key not set. Please check settings