Роберт Де Ниро (80) и неговата партнерка Тифани Чен (45) привлекоа внимание за време на ретко излегување. Двојката присуствуваше на филмскиот фестивал Трибека во Њујорк.
Актерот за оваа пригода облече црна јакна, панталони и сива маичка, додека Тифани излезе во долг црн фустан со кафеав шал. Парот бил добро расположен и насмеано им позирал на фотографите.
За време на нивното пристигнување на фестивалот се држеа за раце, а во еден момент актерот им мавна на фотографите.

За потсетување, Де Ниро и Чен минатата година ја добија ќерката Гиа Вирџинија. Тие се запознале за време на снимањето на комедијата „The Intern“ од 2015 година, во која Чен ја играше инструкторката Таи Чи. Тие официјално се во врска од 2021 година.



GIPHY App Key not set. Please check settings