in

Денес се слави празникот посветен на Светите Софија, Вера, Надеж и Љубов

Православните верници на 30 септември ја прославуваат важната традиција посветена на Светите маченички Софија, Вера, Надеж и Љубов.

Овој ден е во чест на мајката Софија и нејзините три ќерки, чијашто имена симболизираат три од најзначајните христијански добродетели.

Според црковните преданија, Софија била побожна христијанка која ги воспитала своите ќерки во верата. Поради нивното цврсто уверување во Христа, тие доживеале мачења и загинале во Рим за време на царувањето на Адријан.

И покрај страдањата, сестрите останале верни до крај. По нивната смрт, мајката ги погребала, а три дена подоцна таа починала на нивниот гроб.

Празникот има длабоко значење за православните христијани, особено за оние кои носат имињата Софија, Вера, Надеж и Љубов, како и нивните варијации.

На овој ден, верниците се потсетуваат на важноста на љубовта, надежта и верата, како и на моќта на мајчинската љубов и жртвување.

На сите кои го слават именденот, им честитаме празникот со желби за здравје, среќа, мир и благослов!

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Временската прогноза за Македонија: Облачност и дожд, температури до 26°C

Дилан Спраус и Барбара Палвин добија дете!