in

Деца и исхрана: Хранењето на бебињата со путер од кикирики го намалува ризикот од алергии, велат научниците

Давањето на мали количини мазен путер од кикирики на бебиња меѓу четири и шест месеци може драматично да ги намали алергиите на оваа супстанца, велат научниците.

Истражувањата покажуваат дека случаите на алергии би се намалиле за 77 проценти.

Велат дека треба да се смени претходната одлука на Владата до шестиот месец на децата да не им се дава цврста храна.

Експертите предупредуваат дека цели или сецкани ореви и кикирики претставуваат ризик од гушење и не треба да се даваат на деца под пет години.

Дали путерот од јаткасти плодови е штетен за вашето здравје?
Колку чини адаптираната храна за бебиња: „Без млеко не се живее“
На повидок е „лек“ за алергија на кикирики
Според тековните упатства од Националниот институт за здравје на Обединетото Кралство, кикириките (кршени, мелени или путер) може да се даваат од шест месеци.

Бебето е подготвено за првата цврста храна ако:

може да остане во седечка положба, држејќи ја главата мирна;
ги координира очите, рацете и устата – што значи дека може да гледа во храната, да ја земе и да ја стави во устата;
голта храна без да ја плука назад.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Ако се ближите до триесетите и сте слободни, тешко ќе најдете љубов, а еве зошто

Едноставно и ефективно: Трикови за чистење на бели патики