- Никогаш не ги ставајте во машина за перење
Белите патики не треба да се перат во машина за перење, бидејќи може неповратно да се оштетат. И она што е важно е дека не треба да ги сушите во машината за сушење бидејќи тоа може да им ја промени формата. - Средства за чистење од кујната
Оцетот е совршен за отстранување на дамки на белите патики. Потопете крпа во оцет и нежно истријте ги патиките, ќе видите дека веднаш блескаат. Идеално решение е и сода бикарбоната во комбинација со вода и оцет. Направете паста од овие три состојки и исчистете ги белите патики со четка за заби. - Бел лак
Со ова можете брзо да ги отстраните гребаниците и малите дамки, не е идеално решение, но е ефикасно. - Шампон
Ова е совршено решение против мрсните дамки доколку случајно ви се случат. Исто така, земете стара четка за заби и со шампон истријте го местото каде што има мрсна дамка. Ќе видите дека вашите патики ќе го вратат стариот сјај.
Едно од важните правила доколку носите бели патики е никогаш да не ги оставате на сонце или да користите силни средства за белење на гумениот ѓон, бидејќи тоа може да го оштети.


