Познатиот холивудски актер Џим Кери повторно се венчаше, овој пат по трет пат, со својата долгогодишна партнерка Мин Ах. На 30 септември во Лос Анџелес, тие одржаа приватна церемонија, потврдена од портпаролот на Кери за списанието “People”.
Досега нема објавени детали за свадбата, како што се бројот на гостите или местото на одржување. Кери и Ах долго време ја чувале својата врска во тајност, а јавноста за нив дозна во февруари годинава кога се појавија заедно на доделувањето на наградите “Цезар” во Париз. Во својот говор, Кери ја опиша Мин Ах како “прекрасна придружничка” и изрази својата љубов.
Иако се забележани заедно уште во 2022 година, тие избегнувале да ја откриваат врската пред јавноста. Овој брак е трет за Џим Кери, кој претходно беше во венчавка со Мелиса Вомер од 1987 до 1995 година, со која има ќерка, и со Лорен Холи во 1996 година, чииот брак траеше помалку од една година. Сега, Кери започнува ново поглавје со Мин Ах, далеку од јавниот живот и медиумскиот фокус.


