Фудбалската ѕвезда Џуд Белингем повторно привлече внимание, но овојпат не со своите фудбалски вештини, туку преку рекламна кампања за долна облека, која создаде вистински хаос на улиците на Њујорк.
На една од најпрометните локации во градот е поставен впечатлив билборд со фотографии на англискиот фудбалер, кој позира во долна облека. Неговото присуство привлече голем интерес меѓу минувачите и возачите, многумина од кои застанувале за да ги погледнат фотографиите.
Според очевидци, некои возачи дури застануваат за да го фотографираат оригиналниот билборд, а снимките од рекламата брзо се шират на социјалните мрежи.
Кампањата започна на 2 ноември 2026 година, а фотографиите се направени во Мадрид во август. Со овој потег, Белингем повторно докажа дека неговата популарност надминува обичните фудбалски успеси.
Овојпат, наместо головите, токму неговиот изглед е главна тема на разговор во Њујорк.


