Ким Кардашијан го прослави роденденот на својата ќерка Норт Вест со најблиските пријатели во Њујорк, меѓу кои Ла Ла Ентони и Јутјуберот Каи Сенат. Забавата се одржа во игротеката „Paint Me Bear“, а она што сите ги остави без зборови е модната комбинација на познатата старлета која странските медиуми се почесто ја прикажуваат како успешна деловна жена.
Имено, таа се појави во обични сиви хеланки и маичка со кратки ракави во слични нијанси, додека на нозете имаше проѕирни влечки. Доминантни аксесоари беа големите црни очила и белата чанта, додека нејзината пуштена руса коса изгледаше многу оштетено, иако беше продолжување.

„Под сите очекувања, што се случи со неа?“, „Отиде ли во продавници или на роденден на ќерка си“, „Иако веројатно се скапи ткаенини, оваа облека изгледа многу евтина, ова се само дел од коментарите.
Има многумина кои веруваат дека ова е една од најлошите ситуации на старлетата од која се очекува да избере нешто многу поубаво за овој посебен ден.



GIPHY App Key not set. Please check settings