in

Докторот посочи што никогаш не треба да правите кога не можете да заспиете

Доколку лежите во кревет повеќе од половина час и не можете да заспиете, време е да ги преземете работите во свои раце.

Понекогаш се чини невозможно да заспиете навечер, без разлика колку сте уморни до крајот на денот. Стресот, анксиозноста, болеста или болката се само некои од многуте фактори кои можат да предизвикаат несоница.

Експертите велат дека секој трет човек во одреден момент ќе има потешкотии со спиењето. Имајќи го тоа на ум, д-р Миро Фигура сподели неколку совети за тоа како да заспиете, вклучително и што не треба да правите.

Тој советува да не останувате во кревет ако не можете да заспиете и по половина час, а тоа се случува кога мозокот ви е „преактивиран“ и ви треба промена на средината, пренесува Mirror.

Тој предложи да оди во друга соба и да учествува во некаква активност.

„Одете во друга соба и направете нешто што не е многу напорно и што може да се направи во слабо осветлена средина, за да се рестартира лачењето на мелатонин во епифизата“, вели д-р Фигура во видеото на TikTok.

Тој предупреди дека никогаш не треба да се посегнува по било каков вид на екран во такви моменти

„Вашиот лаптоп или мобилен телефон ќе емитува сина светлина што ќе го прекине тој циклус. Ако сè уште не се чувствувате уморни, обидете се со техники на длабоко дишење“, објаснува тој.

Тој препорачал и земање мелатонин, во договор со вашиот лекар, доколку не можете да спиете, пренесува N1 Загреб.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

„Четири дена во неделата одмараш“: Јована во живо му постави прашање на Жељко, а таков одговор не очекуваше

Принцезата Кејт Мидлтон заврши со хемотерапија: Големо олеснување