Американскиот гастроентеролог Саураб Сети предупреди дека често пиеме кафе „погрешно“ и на тој начин му штетиме на сопственото тело.
Советите ги сподели на TikTok каде често предупредува на нашите секојдневни штетни навики и вели дека пиењето кафе не мора да биде штетно, туку дека грешиме со една навика, пренесува Klix.ba.
„Кафето е апсолутно прекрасно за вашиот мозок, црева и црн дроб“, рекол 42-годишниот доктор.
Тој објаснува дека полифенолите кои се наоѓаат во кафето можат да поттикнат добри бактерии и да го подобрат фокусот и меморијата.
Тој потоа предупреди: „Додавањето шеќер во кафето го зголемува нивото на шеќер во крвта и го зголемува воспалението, што не е добро. Размислете за други засладувачи.
Друга грешка е некористењето органско кафе.
„Сега кафето е една од културите со најмногу пестициди и навистина не сакате да консумирате пестициди“, истакна тој.
Исто така, неговиот трет совет е оној што често ги изненадува неговите пациенти.
Ако страдате од рефлукс на киселина, не се откажувајте од кафето.
Наместо тоа, д-р Сети предлага да се префрлите на потемно печење бидејќи содржи помалку кофеин и затоа е „понежно“ за стомакот.
Ако не страдате од горушица, лесно печеното кафе може да биде вашата најдобра опција.



GIPHY App Key not set. Please check settings