Ако ги следите овие совети, никогаш повеќе нема да ви се случи тестото да ви падне или да не нарасне убаво. Пред да започнете со месење на тестото , извадете ги путерот и јајцата од фрижидер и чувајте ги на собна температура некое време.
Не претерувајте со количината на прашок за пециво или квасец, бидејќи постои можност тестото премногу да нарасне и да пукне. Тестото секогаш ставајте го во загреана рерна, бидејќи тоа го „бараат“ сите теста со прашок за пециво и квасец.
Кога ќе се спојат влажните и сувите состојки, доаѓа до хемиска реакција и тестото веднаш почнува да нараснува. Почекајте 10 до 15 минути од моментот кога рерната ќе ја достигне саканата температура и потоа ставете го тестото во неа.
И, конечно, ова е тајната на печењето: Во секое тесто ставете по една лажица јаболков оцет! Здраво е, тестото подобро нараснува, а пред се’ му дава одличен „вкус“ на тестото!



GIPHY App Key not set. Please check settings