Одржувањето на нивото на висцералните масти на минимум е клучно за целокупното здравје. Познато е дека исхраната богата со заситени масти и шеќер ги зголемува висцералните маснотии, а одредени намирници исто така можат да помогнат да се намали.
Едно истражување покажа дека две билки кои често ги користиме во готвењето имаат ефект врз намалувањето на висцералните масти, а тоа се ориганото и магдоносот.
Имено, истражувањето од 2012 година откри дека карвакролот – фенол кој се наоѓа во есенцијалното масло произведено од ориганото, може да ги намали мастите.
За да добиете најмногу придобивки за губење маснотии од ориганото, треба да го вклучите маслото од оригано во вашата исхрана, а исто така може да се зема во форма на додаток.
Посебна студија, објавена во 2018 година, наведува дека јадењето магдонос е исто така одлично за губење на висцералните маснотии. Студијата покажала и зголемување на антиоксидантната активност во телото на оние кои јаделе магдонос.
„Како заклучок, губењето на тежината со помош на магдонос, покрај диетата за намалување на телесната тежина, може да ја намали тежината и индексот на телесна маса, како и да ја зголеми активноста на антиоксидантните ензими кај дебелите субјекти“, се наведува во гореспоменатата студија.
Главните причини за таложење на висцералните маснотии се консумирањето премногу мрсна храна и недоволната физичка активност, а експертите наведуваат дека пред се треба да се променат животните навики во целина.



GIPHY App Key not set. Please check settings