in

Две малолетнички приведени по напад и ограбување на девојче во Центар

Две малолетнички од Скопје биле приведени откако нападнале друго девојче на подрачјето на Центар, а целиот инцидент го снимале со мобилен телефон, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на 19 ноември, околу 19:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода двете девојчиња, по претходно поднесена пријава за случајот.

Како што е пријавено, инцидентот се случил околу 18:10 часот, кога тие пресретнале друга малолетничка во Центар. Едната физички ја нападнала, додека другата ѝ одзела лични предмети и пари, а истовремено ја снимала со телефон.

Од МВР додаваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Нова надеж во борбата против ракот на панкреасот: експериментална таблета кај дел од пациентите довела до исчезнување на видливите тумори

Бруно Марс со трогателна порака се прости од татко си: „Бакни ја мама таму горе за мене“