in

Бруно Марс со трогателна порака се прости од татко си: „Бакни ја мама таму горе за мене“

Светски познатиот пејач Бруно Марс доживеа голема семејна загуба откако почина неговиот татко, Питер Хернандез, кој имаше 74 години. Марс се прости од него со трогателна објава на Инстаграм, во која сподели и неколку фотографии, меѓу кои и црно-бела фотографија од нивната последна прегратка во болница.

Во својата порака, пејачот напиша дека минатата недела имал можност уште еднаш да го прегрне својот татко. Истакна дека Питер бил човекот што го научил на сè што знае, особено за музиката. Додаде и дека токму тој ги одгледал него, неговите четири сестри и брат му, а во неговите очи бил најдобриот татко на светот. Марс порача дека татко му ќе му недостасува секој ден, сè додека повторно не се видат, а објавата ја заврши со зборовите: „Те сакам, тато. Бакни ја мама таму горе за мене“.

Неговата објава предизвика многубројни реакции и пораки со сочувство од обожавателите, кои му испратија поддршка во овие тешки мигови.

Питер Хернандез имал силно влијание врз музичкиот развој на својот син. Тој бил музичар и перкусионист, а љубовта кон музиката кај Бруно Марс ја разбудил уште кога бил мал.

Со последната реченица од објавата, пејачот се потсети и на својата мајка Бернадет, која почина во 2013 година.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Две малолетнички приведени по напад и ограбување на девојче во Центар

Саша Ковачевиќ повторно доаѓа во Скопје: концерт на 26 декември во арената „Борис Трајковски“