in

Роберт де Ниро блесна на црвениот тепих во Лондон со 36 години помладата партнерка

Роберт де Ниро повторно го привлече вниманието на црвениот тепих, овојпат кога се појави со својата партнерка Тифани Чен, која е 36 години помлада од него. Двојката пристигна заедно на лондонската премиера на филмот „Focker-In-Law“ и не ја криеше блискоста.

Актерот, кој има 83 години, се појави во елегантен сив костум и ролка, а 47-годишната Тифани носеше црна креација со висок процеп. Држејќи се за раце, двајцата самоуверено позираа пред фотографите и привлекоа големо внимание кај присутните.

Де Ниро и Чен се запознале во 2015 година за време на снимањето на филмот „The Intern“, каде што таа работела како инструкторка по тај чи. Подоцна нивниот однос се претворил во љубовна врска, а во април 2023 година ја добиле ќерката Џија. Таа е седмото дете на познатиот актер, кој имал 79 години кога се родила.

Нивното појавување во Лондон следува по уште едно заедничко излегување на црвениот тепих во Њујорк, со што уште еднаш покажаа дека без задршка јавно ја покажуваат својата љубов.

Премиерата беше посветена на филмот „Focker-In-Law“, четвртиот дел од популарниот филмски серијал, кој треба да почне да се прикажува на 25 ноември 2026 година.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МВР предупредува за опасната група „764“, која ги уценува и злоупотребува децата на интернет

Откажан новогодишниот концерт на Дино Мерлин во Сплит