in

Реал Мадрид подготвува 80 милиони евра за враќањето на Нико Паз

Реал Мадрид сака повторно да го ангажира Нико Паз и, според информациите, е подготвен да издвои 80 милиони евра за неговиот трансфер. Аргентинецот со настапите за италијанскиот Комо го привлече вниманието на шпанскиот гигант, кој не се откажува од идејата да го врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Мадридскиот клуб, според пишувањата, има договорна можност повторно да го доведе Паз во летниот преоден рок во 2027 година. Таа клаузула му дава предност на Реал во трката за неговиот потпис.

Иако минатото лето постоела шанса да се врати во Мадрид, фудбалерот сакал да продолжи во Италија за да добие повеќе простор за напредок. Затоа било договорено да остане во Комо и во сезоната 2026/27, а Реал да го задржи правото повторно да го откупи.

Во меѓувреме, Комо вложил значителни средства за да ги обезбеди неговите права, но Реал сепак успеал да ја задржи можноста за враќање на Паз за однапред договорени 80 милиони евра.

Паз потекнува од младинската школа на Реал Мадрид, а преселбата во Италија се покажала како важен чекор во неговата кариера. Со добрите настапи во Серија А и настапите за аргентинската репрезентација, тој уште повеќе го потврдил својот потенцијал.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Бразилски свештеник ги прима бездомните кучиња во црквата и им бара нов дом

Нова надеж во борбата против ракот на панкреасот: експериментална таблета кај дел од пациентите довела до исчезнување на видливите тумори