Вечера која ќе го задоволи вашиот стомак.
Состојки:
- 3 модри патлиџани
Полнење:
- 1 шолја рендана моцарела
- 1/4 чаша рендан пармезан
- 100 гр крем сирење
- 1 шолја рикота сирење
- 1 јајце
- 2 лажици ситно сечкан босилек
- 4 лажици ситно сечкан магдонос
- 2 лажички сол
- 1/2 лажичка бибер
- 2 лажички лук во прав
- 10 лажици масло
И повеќе:
- 600 гр сос од домати
- 1 шолја рендана моцарела
Подготовка:
- Модрите патлиџани исечкајте ги тенко по должина, посолете ги убаво и оставете ги да одморат околу половина час.
- По половина час измијте ги, исушете ги со хартиени крпи и наредете ги во намрсена тава.
- Одозгора на секој модар патлиџан премачкајте со малку масло.
- Се пече во загреана рерна на 210 степени околу 30 минути или додека не порумени.
- Оставете ги модрите патлиџани малку да се изладат.
- За тоа време измешајте ги сите горенаведени состојки за филот.
- Во длабока тава ставете нешто помалку од половина од сосот, колку да го покрие дното на тавата. Посипете со презла и оставете го на страна.
- Подготвената смеса ставете ја врз кришките модар патлиџан, завиткајте ги во кифлички и наредете ги во тавата.
- Кога ќе завршите, врз секоја ролат ставете по една лажица сос.
- Се пече на 200 степени околу 45 минути. Потоа посипете со рендана моцарела и печете уште дваесетина минути или додека кашкавалот не се растопи и малку порумени.



GIPHY App Key not set. Please check settings