in

Експертот предупредува: Никогаш не пијте топла шолја чај со овие намирници

Со постуденото време, почесто посегнуваме по шолја од омилениот чај, но важно е да знаете дека некои намирници не треба да се консумираат со овој топол напиток.

Според фармацевтот и нутриционист Дебора Грејсон, пиењето чај или кафе со одредена храна, како што се црвено месо и лиснат зелен зеленчук, може да ги зголеми шансите за развој на сериозен недостаток на хранливи материи.

Имено, хемикалиите во овие топли напитоци ја спречуваат апсорпцијата на железото во организмот, а железото е минерал кој е од витално значење за трансферот на кислородот и му дава енергија на телото и го зајакнува имунолошкиот систем, пренесува Daily Mail.

Пиењето чај со одредена храна може да доведе до анемија или сериозен недостаток на железо. Храната што не треба да се консумира со чај вклучува храна богата со железо како што се стек и печено говедско месо, зелен зеленчук како спанаќ, брокула и кељ.

Студиите покажаа дека голем број хемикалии во чајот и кафето можат да ја блокираат апсорпцијата на железо, вклучувајќи ги и полифенолите, за кои се смета дека штитат од воспаление.

Симптомите на анемија може да бидат доста исцрпувачки и вклучуваат екстремна исцрпеност, губење на косата и повторливи инфекции.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сè се сумира во неколку зборови: британското кралско семејство му го честиташе 40-тиот роденден на Хари

„Одлучивме да направиме ДНК тест за забава: Кога стигнаа резултатите, се исплашивме, по 12 години ја дознавме вистината“