Денес во Сплит се одржа последното збогување со легендарниот пејач Мишо Ковач, на кое присуствуваа повеќе од 30.000 луѓе, кои дојдоа да му оддадат почит.
Неговата сопруга, Лидија Ковач, тешко го поднесуваше овој момент. Најтешките сцени следуваа кога ковчегот со телото на Мишо пристигна на стадионот. Кога го виде, Лидија се онесвести и членовите на семејството веднаш ѝ притрчаа на помош.
Вдовицата на пејачот изразуваше голема болка, додека присутните ѝ нудеа поддршка. Беше повикана и медицинска помош, по што ја извеле од стадионот.
Таа на последното збогување беше облечена во црна бунда и носеше темни очила за сонце. Нејзината реакција остави длабок впечаток на присутните, кои се простуваа од најмилиот пејач.
Мишо Ковач почина на 31 октомври во 86-годишна возраст, оставувајќи зад себе песни кои одбележаа многу генерации и го растажија целиот регион.

