Вкусна комбинација од компири, сланина, говедско месо, пржени јајца и зачини.
Состојки:
- 800 гр варени компири
- 200 гр варено говедско месо, исечено на парчиња
- 100 гр листови чадена сланина
- 2 кромид
- 2 лажици путер
- 150 гр чери домати
- сол и бибер
- половина лажичка мелена пиперка
- половина лажичка сува мајчина душица
Подготовка:
- Излупете ги компирите и исечете ги на прстени. Говедското месо и сланината исечкајте ги на ленти. Излупете го кромидот и исечете го на 8 дела. Загрејте малку путер и на него пропржете сланина и кромид. Додадете го говедското месо, посолете и посипете со бибер и пиперка. Пропржете уште малку и извадете го.
- Во преостанатата маст пропржете ги компирите. Додадете сланина и домати и пропржете уште малку. Додадете ја мајчината душица и проверете дали сакате уште малку зачини.
- После тоа испржете две или три јајца и послужете со садот.



GIPHY App Key not set. Please check settings