in

ЕВА ЗОШТО ВАШИТЕ НОЗЕ СЕ СЕКОГАШ ЛАДНИ: Има само ЕДНА вистина, мора да ја знаете

На самото спомнување на студ, на многу луѓе им замрзнува крвта во вените, бидејќи голем е бројот на оние кои најмногу страдаат во зимскиот период со студени стапала.

Тие се резултат на лошата циркулација, на која е многу тешко да се влијае само со надворешни помагачи како термички чорапи, суви и непропустливи чевли, лекот може да се најде во природни помошници како храна и чаеви.

Студенилото во стапалата не е единствениот показател за слаба циркулација, на него укажуваат и други промени во телото како што се грчеви во телињата и прстите после одење, болни колена и зглобови и виолетова кожа.

Имено, нарушената циркулација предизвикува пореметување во работата на потните жлезди, што предизвикува инфекции и повреди на кожата, особено за време на студеното време. Најдобри акцелератори на циркулацијата се конкретните промени во исхраната, како и бањите со билки, пишува Zapodjena.hr.

Обувките за време на ладно време мора да бидат непропустливи и суви, но пред се удобни за да се овозможи нормална циркулација. Најважно е да се избегнуваат синтетички материјали од чорапи кои поттикнуваат потење на стапалата, а потоа и нивно ладење поради влажната средина.

За да може крвта нормално да циркулира, потребно е да се испие препорачаната количина на вода. Ако телото е жедно, циркулацијата станува отежната. Нормална циркулација значи пиење околу литар и половина вода дневно, поточно 30 милилитри вода на килограм телесна тежина. Треба почесто да пиете топли пијалоци, но избегнувајте ги оние со кофеин, бидејќи тие влијаат на контракцијата на крвните садови.

Храната може многу да помогне за подобрување на циркулацијата, лукот, маслиновото масло и црвеното вино, овошјето богато со витамин Ц, сите тие го подобруваат протокот на крв во капиларите. Јаткастите плодови, циметот, ѓумбирот, семките од тиква, кои содржат витамин Е, Б3 и ниацин, се сојузници во „туркањето“ на крвта низ садовите.

Две купки, топла и ладна, се најдобриот начин за започнување на циркулацијата, со наизменично потопување на стапалата во едната, а потоа во другата. Овој метод има корисен ефект врз циркулацијата и го промовира непреченото движење на крвта низ крвните садови.

Најдобро е да избегнувате купки со шампони и да користите само таргетирани домашни препарати, од кои во едната владее копривата. Во пет литри вода треба да натопите една шолја корен од коприва и две шолји листови од коприва и да ја оставите преку ноќ. Течноста потоа треба да се свари, да се цеди и да се користи како купка, најдобар ефект ќе се покаже во периодот од половина час во кој е потребно да се натопат стапалата.

Напиток кој ќе го замени недостатокот на течност во телото и ќе го забрза протокот на крв низ телото на насочен начин е чајот од див костен. Потребно е во аван да се исецкаат 10 грама зрна од див костен и содржината да се прелие со литар вода. Загрејте на тивок оган, а кога ќе зоврие, варете пет минути. Процедете и пијте шолја чај три пати на ден.

Масажата на стапалата е многу тешко да се примени во работно време, на пример во канцеларија, но тогаш најдобро е да се прибегнете кон брзо решение. Истурете топла вода во шишето од половина литар, но не до самиот врв, затворете го отворот. Останете во чорапите и прошетајте ја целата површина на шишето со стапалата, односно турнете го шишето со стапалата.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Објавен трејлерот за втората сезона од серијата, кој ја шокираше јавноста со експлицитни сцени, ВИДЕО

Ако не ја миете постелнината барем еднаш неделно, вие сте изложени на ризик од овие здравствени проблеми