Едно списание спроведе истражување на повеќе од 1.000 мажи и откри дека мажите не се палат на долна облека која се состои од лента видлива во средината на задникот.
Сосема спротивно – мажите сакаат удобни гаќички. Имено, 40 отсто од испитаниците сакаат да гледаат хипстерски гаќички или боксерки на жени! Тие тоа го објаснија вака: во овие гаќички изгледа дека жените се чувствуваат удобно, а овој тип на долна облека прекрасно ги оцртува облините на задникот.
Веднаш зад хипстерските гаќички (со 34 проценти од обожавателите) се тангите. Г-жиците се на трето место (со 13 проценти), а потоа следат бикини гаќичките со 12 проценти. На последно место и неверојатен 1 процент се „бабините гаќички“.
Значи, би можеле да кажеме дека на мажите им е важно да се чувствуваат добро. Што е одлично – затоа што секој што се чувствува добро е секогаш секси.



GIPHY App Key not set. Please check settings