in

Еве зошто ве привлекува мирисот на кожата на партнерот

Дали ве привлекува мирисот на кожата на партнерот? Еве што вели науката за тоа.

Доколку уживате во мирисот на кожата на партнерот, дури и без да користите парфем или колонска вода, можно е да сте ја пронашле својата сродна душа, пишува Крстарица.

Ова може да се објасни преку феноменот на феромони – хемикалии кои привлекуваат одредени луѓе врз основа на генетска компатибилност.

Научните истражувања откриваат дека овој примамлив мирис е знак дека вашиот партнер е генетски компатибилен со вас.

Според студијата од 2021 година објавена во списанието Brain Sciences, привлечноста што ја чувствувате кон нечиј мирис може да биде резултат на генетски разлики кои се поволни за репродукција.

Овие студии сугерираат дека човечките суштества се инстинктивно привлечени од оние со кои генетската комбинација ќе им овозможи да создадат здрави потомци.

Во основа, привлечноста кон мирисот на телото може да укаже дека вашиот партнер има особини кои се оптимални за физичко здравје и репродуктивен успех.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Еве како да го засилите вашиот Wi-Fi сигнал со помош на работите што ги имате во вашата кујна

Совет од психолог: Три начини за брзо подобрување на вашата емоционална интелигенција