in

Голем астероид вечерва ќе помине покрај Земјата: Да удри во неа, би срамнил голем град

Голем астероид денеска ќе помине меѓу Земјата и Месечината, а овој феномен, нормално безопасен за населението, се случува еднаш на секои десет години, дознава агенцијата Франс прес од извор близок до Европската вселенска агенција (ЕСА).

Според проценките, астероидот наречен „2023 DZ2“ има пречник меѓу 40 и 70 метри, што е доволно да уништи голем град доколку удри во Земјата.

Во 19:49 часот по средноевропско време, астероидот ќе биде најблиску до Земјата, помалку од една третина од растојанието што ја дели Земјата од Месечината.

Извори блиски до ЕСА велат дека нема причина за загриженост, додавајќи дека астероидот првпат бил забележан на 27 февруари.

Ќе помине на околу 175.000 километри од Земјата, со брзина од 28.000 километри на час.

Мали астероиди минуваат над главата секој ден, но толку голем и толку блиску до Земјата се случува само на секои десет години, соопшти ЕСА.

Меѓународната мрежа за предупредување за астероиди одлучи да ја искористи таквата близина за да го анализира астероидот користејќи низа инструменти како што се спектрометри и радари.

Според пресметките на астрономите, астероидот повторно ќе помине покрај Земјата во 2026 година, но на поголема оддалеченост.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

5 НАМИРНИЦИ ЗА СРЕЌА! Нутриционист открива како да го регулирате вашето расположение!

Направете третман за коса од јајце: Тој е посилен и го забрзува нејзиниот раст