Фантастично јадење со зелка и мелено месо печено во рерна.
Состојки:
400 гр мешано мелено месо
1 мала главица зелка
2 црн кромид
150 гр сланина
1 лажица мелена слатка пиперка
4 dl јогурт
2 dl супа (коцка)
2 јајца
сол, бибер и зачини по желба
Подготовка:
На малку масло продинстајте го кромидот додека не стане проѕирен, а потоа додадете ја ситно исечканата сланина и меленото месо. Мешајте со повремено додавање на супа.
Кога месото е половина динстано, додадете рендана зелка.
Варете додека зелката да омекне и да испари вишокот течност.
Огноотпорен сад малку подмачкајте, истурете ја смесата од месо и зелка и покријте ја со смесата со јогурт и јајца.
Се пече во рерна на 200 степени додека не порумени.
Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings