Гурабиите се слатко кое нашите мајки и баби го подготвуваа често, а покрај тоа што овие колачи можат да стојат со денови, секогаш се фаќа и се јаде во рекордно време. Има посебен вкус кога се служи со чај.
Состојки:
250 гр масло
250 гр шеќер
3 јајца
500 гр брашно
рендана кора од лимон по желба
малку мелени ореви
Подготовка:
Се мати маслото со шеќерот додека не добиеме пена, па постепено се додаваат 2 цели јајца, а од третото само жолчките. Белките оставете ги во фрижидер за подоцна. Потоа додадете брашно во смесата. Оставете го тестото да се стегне на ладно половина час, а потоа расукајте го со сукало до 5 мм. Извадете ги колачите со калап, ставете ги на плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со белка и посипете ги со ореви. Печете 20 минути на 160 степени.



GIPHY App Key not set. Please check settings