Повеќето домаќинки знаат барем еден рецепт со кој можат брзо да изматат верзија на пита, но овој рецепт е малку поинаков, пред сè, затоа што не содржи брашно.
Колку е лесно да се направи рецепт според zdrava_sofijina_hrana доказ е фактот дека целиот процес на подготовка се вклопува во само една реченица.
Состојки:
120 гр мелена овесна каша
2 јајца
150 гр ситно сирење
1 лажичка маслиново масло
половина прашок за пециво
хималајска сол
200 мл јогурт
2 грста сецкан бебешки спанаќ
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки, истурете ги во плех обложен со хартија за печење, посипете малку сусам и печете на 180 °C додека питата не порумени.



GIPHY App Key not set. Please check settings