in

ХОЛИВУД ВО ШОК: Почина ХЕЈДЕН ПАНЕТИЕР на само 36 години!

Холивудската актерка Хејден Панетиер премина на поинаков свет на 36-годишна возраст. Таа стана позната по своите улоги во сериите „Heroes“ и „Nashville“, како и по учеството во филмовите од познатата франшиза „Scream“. Семјството ја потврди нејзината смрт.

„Со голема тага ја објавуваме веста за загубата на нашата сакана Хејден. Таа беше светло на нашите животи, носејќи љубов и радост и во животите на блиските, но и на многуте кои ја следеа на екраните“, изјави семејството.

Хејден починала на 16 август, а детали за причината за нејзината смрт сè уште не се познати, додека околностите се истражуваат.

Својата кариера ја започна како детски актер, добивајќи улоги во 1990-тите, и со текот на времето создаде успешна кариера во телевизијата и филмот.

Светската слава ја стекна во серијата „Heroes“, каде што ја играше улогата на Клер Бенет, младата навивачка со натприродна моќ за брзо заздравување. Улогата ја направи едно од најпознатите лица на малите екрани.

Подоцна следуваше успехот со серијата „Nashville“, во која го толкуваше ликот на Џулиет Барнс, за што доби две номинации за „Златен глобус“. Панетиер беше дел од серијата од 2012 до 2018 година, во сите нејзини сезони.

Публиката ја запамти и од филмовите „Remember the Titans“, „Ice Princess“, „Scream 4“ и „Scream VI“.

Нејзината ненадејна смрт на само 36 години предизвика многу реакции во Холивуд и меѓу нејзините обожаватели, кои ја ценат по нејзините бројни улоги во телевизијата и филмот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Ана Петан ќе ја претставува Македонија на Фестивалот на далматинската шансонa во Шибеник со песната “Твоја сум јас”