in , ,

Храна богата со колаген, јадете ја што почесто за да го вратите часовникот назад

Нашето тело природно произведува колаген, но штом ќе ја поминеме 20-тата година, неговото производство се забавува и во 60-тите имаме 50 проценти помалку колаген од количината што ја имавме во 20-тите.
Бавното производство на колаген е една од причините зошто нашата кожа повеќе не изгледа младешки, зошто зглобовите ни болат и косата ни се проретчува. Колагенот е најзастапениот вид на протеин во телото, кој сочинува дури 30 проценти од вкупната количина на протеини во телото. Се наоѓа низ целото тело, вклучувајќи ги мускулите, коските, косата, кожата и ноктите.

Во телото има околу 40 различни видови колаген, а колагенот тип 1 е најзастапен и е важен дел од нашата кожа, коски и мускули, се вели на страниците на „Харвард Хелт“. Колагенот ќе ја направи нашата кожа мазна и да изгледа младешки. Додатоци кои содржат колаген ја зајакнуваат кожата, а со тоа го спречуваат создавањето на брчки, целулит и стрии. Секојдневната употреба на колаген ќе ја хидрира кожата и ќе ја зголеми нејзината еластичност и ќе ги намали штетите предизвикани од изложувањето на сончевите зраци.

За жените над 50 години, зајакнувањето на производството на колаген често значи избор на некои нови намирници кои се богати со витамини и минерали. Тие можат да помогнат да се подобри производството на колаген и еластин, компоненти кои ќе направат кожата да изгледа младешки, но и ќе ги заштити нашите коски и варењето, како и здравјето на срцето.

Нутриционистката Меган Вонг, која е специјалист за исхрана за хронични болести, нуди совети за тоа кои три намирници треба да јадат жените на возраст од 50 и повеќе години за да уживаат во младешка кожа и целокупно здравје, пренесува Вечерњи.

Сардина

Не е обичај да се јаде кожата и коските на лососот и туната, а Вонг нагласува дека тоа е штета бидејќи тие се најбогат извор на колаген. Затоа ги посочува сардините како најдобра риба, бидејќи ги јадеме цели, а токму на тој начин ќе го зголемиме внесувањето на колаген во организмот. Според Вонг, сардините се полни со калциум, витамин Д и омега 3 масни киселини, кои исто така ќе влијаат на здравјето на коските.

„Бидејќи менопаузата предизвикува забрзано губење на коскената маса, дури и до 20 проценти, важно е жените над 50 години да се грижат не само за убава кожа, туку и за здравјето на коските“, додава тој.

Грав

И додека не постои колаген од растително потекло, бидејќи тој доаѓа од производи од животинско потекло, телото ќе го произведува и ќе го стимулира неговото производство доколку му се понудат вистинските производи, вели Вонг.

„Гравот“ е одличен извор на две состојки кои го стимулираат градењето на колаген, а тоа се цинкот и пролинот. Пролинот ќе ја поддржи стабилноста на колагенот, додека цинкот ќе го забави неговото влошување.

Јачмен

Следниот пат кога ќе посегнете по ориз, размислете за јачменот бидејќи тоа е поздрав избор. Јачменот содржи минерал кој ќе ги активира ензимите вклучени во производството на колаген, за кои е докажано дека помагаат во обновувањето на еластичноста на кожата и ја намалуваат видливоста на брчките. Јачменот е храна богата со растворливи влакна кои ќе помогнат во контролата на шеќерот и холестеролот во крвта. Кремите и серумите се одлична помош, но исхраната богата со намирници кои го стимулираат производството на колаген секако се најдобри начини за одржување на младоста и здравјето на кожата.

Што мислите?

-2 Points
Upvote Downvote

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Печено пилешко со сладок компир

Првпат купила лотарија и го погодила џекпотот: тинејџерка (18) освоила 48 милиони долари