Во топлите летни денови кога надвор е над 40 степени, ниту една домаќинка не сака да готви. Затоа лесните рецепти на база на зеленчук се вистински благодет, бидејќи се подготвуваат брзо и не бараат „чекање“ покрај шпоретот.
Пиперките се во сезона, а одлично се комбинираат со млечните производи и не се тешки за стомакот. Доколку сакате да го израдувате вашето семејство со лесен, вкусен и брз оброк, направете печени пиперки полнети со крем и сирење.
Состојки:
8 пиперки
300 гр сирење
чаша кисела павлака
2 јајца
2 домати
сол, бибер
малку масло
магдонос за гарнир (по избор)
Подготовка:
Измијте ги пиперките, извадете го стеблото и извадете ги семките, па пресечете ги на половина. Наредете ги во намрсен плех или огноотпорен сад.
Во сад се матат јајцата, се додаваат павлаката, сирењето, јајцата, солта и биберот, па смесата се мати убаво додека не се изедначи. Наполнете ги пиперките со оваа смеса.
Измијте ги доматите, исечете ги на прстени, па наредете ги преку пиперките. Садот попрскајте го со масло и ставете го во рерна на 180 степени да се пече. Садот по желба украсете го со сечкани листови магдонос.
Послужете со јогурт или летна салата.



GIPHY App Key not set. Please check settings