НЕ е невообичаено стапалата да ви се ладат во текот на зимата, но ако често се влечете за дебели чорапи и се гушкате под топли ќебиња за да ги загреете замрзнатите прсти, можеби нешто друго е виновно. Според Best Life, студените стапала може да бидат поврзани со неколку различни здравствени проблеми.
Хипотироидизам
Студените стапала можеби се обидуваат да ви кажат дека имате проблем со тироидната жлезда. „Тироидната жлезда е важен дел од метаболичките функции во нашите тела. Ако нозете ви се постојано ладни, можеби тироидната жлезда не произведува доволно хормони. Оваа состојба се нарекува хипотироидизам, односно намалена активност на тироидната жлезда“, објаснува доктор Кели Џонсон-Арбор.
Дијабетес
Дијабетесот исто така може да доведе до промени во вашите стапала и, и покрај тоа што е многу честа состојба, лесно може да остане незабележано долго време. Милиони случаи на дијабетес моментално се недијагностицирани, според Центрите за контрола и превенција на болести, а докторот Дејвид Бити вели дека студените стапала може да бидат знак дека имате дијабетес.
„Дијабетичарите имаат голема веројатност да развијат периферна васкуларна болест, состојба во која снабдувањето со крв до екстремитетите е намалено или, во екстремни случаи, целосно блокирано. Покрај тоа, мастите, холестеролот и другите супстанции формираат наслаги кои ги затнуваат артериите, намалувајќи го протокот на крв во стапалата. Како резултат на тоа, може да дојде до нарушување на циркулацијата во екстремитетите“, објаснува Бити.
Анемија
Чувството на студ постојано е исто така често поврзано со анемија, вели Кели К. Мидлтон. „Ова е состојба која произлегува од недостаток на железо или витамин Б-12, што резултира со слаб проток на крв и студени стапала“, вели тој, истакнувајќи дека луѓето со анемија често се чувствуваат замор, имаат бледа кожа и забрзан пулс.
Д-р. Џон Ландри објаснува како студените стапала може да укажуваат на неколку проблеми со белите дробови, вклучително и хронична опструктивна белодробна болест, пулмонална хипертензија и пулмонална емболија. Покрај студените стапала, засегнатото лице може да забележи симптоми како што се отежнато дишење, замор и болка или стегање во градите, а бидејќи тоа е сериозна здравствена состојба која може да доведе до формирање на згрутчување во белите дробови, неопходно е веднаш да се јавите на лекар.
Труење
Д-р Џонсон-Арбор забележува дека студените стапала може да укажуваат и на труење со риби. Главно се работи за видови тропски риби, а освен студени стапала може да се јават и симптоми како мачнина и болки во стомакот.



GIPHY App Key not set. Please check settings