Ако страдате од хронична кашлица и бронхитис, тогаш пробајте ја оваа смеса.
Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ќе се ослободите од болното и воспалено грло, кашлица, па дури и стомачните проблеми.
Состојки:
400 мл зовриена вода
2 средни банани со црни дамки
2 лажички мед
Подготовка:
Најпрво излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка или лажица. Добро би било тоа да го направите со дрвена шпатула, бидејќи металната ќе ја затемни.
Потоа ставете ги бананите во тенџере и додадете ги во зовриената вода. Оставете ги да киснат околу половина час.
Кога смесата ќе се олади, додадете мед. Важно е да го додадете последно, бидејќи ако го измешате со врела вода, ќе ги изгуби лековитите својства.
Примена:
пијте 100 ml од овој пијалок четири пати на ден. Количината на состојките од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова количина.
Првите резултати ќе ги видите за два дена.



GIPHY App Key not set. Please check settings