in

ЈА НАМАЛУВА НАДУЕНОСТА И КРВНИОТ ПРИТИСОК! Напитокот од целер е добар за варење и го зајакнува организмот

Целерот е одличен извор на влакна, калциум, магнезиум, фосфор, витамини Б и Б6, витамин Ц и други минерали, а помага при надуеност, металоиди и го намалува холестеролот и крвниот притисок.

Листовите целер се богати со витамин А, додека стебленцата се одличен извор на витамините Б1, Б2, Б6 и Ц, полни со калиум, фолна киселина, калциум, магнезиум, железо, фосфор, натриум и есенцијални амино киселини. Има и растителни хормони и многу богати есенцијални масла кои на целерот му даваат специфичен мирис. Овие масла делуваат особено добро на нервниот систем и се смирувачки.

Интересно е што целерот е богат со натриум, кој се разликува од солта што вообичаено ја користиме во кујната. Имено, кујнската сол се состои од нерастворливи неоргански соединенија кои доведуваат до развој на проширени вени, оштетување на артериите и други болести. Од друга страна, натриумот од целерот е растворлив во вода, па телото може подобро да го користи и во исто време да ги одржува клетките хидрирани.

Го намалува холестеролот
Лабораториските истражувања покажуваат дека бутил фталид, хемиско соединение од целерот, може да помогне во намалувањето на LDL (лошиот) холестерол. Според истражувачите од Универзитетот во Чикаго, целерот го намалува нивото на холестерол за дури седум пати ако јадете само две стебленца дневно. Целерот помага и во излачувањето на жолчната киселина која го отстранува холестеролот од телото.

Помош при варење
Специјалните хранливи материи од влакната од целер го помагаат движењето на дебелото црево. Ова го прави целерот природен лаксатив кој ви помага да се ослободите од запек . Исто така, помага да се релаксираат нервите исцрпени од фармацевтските лаксативи.

Го намалува крвниот притисок
Целерот помага во намалување на високиот крвен притисок . Истражувањата покажуваат дека пиењето сок од целер дневно во текот на седум дена може значително да помогне во намалувањето на крвниот притисок. Соединенијата наречени фталиди помагаат да се релаксираат мускулите околу крвните садови, да се прошират и да се овозможи крвта полесно да тече. Фталидите го намалуваат и нивото на хормоните на стрес, кои, меѓу другото, предизвикуваат стеснување на крвните садови.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

КОЈ БИ ПОГОДИЛ! Момчето прашало како денес да им се додворува на девојките – не очекувал вакви одговори!

ОЛЕСНЕТЕ СИ НА СЕБЕ! Применете ги овие совети за полесно пеглање и ќе заштедите и време и пари!