Малку брашно, квасец, масло и уште неколку состојки ќе бидат доволни за најубавиот калцоне досега.
Доколку сте љубители на тесто и колачи, сигурни сме дека ќе ви се допадне и овој рецепт.
СОСТОЈКИ:
300 гр брашно
кеса сув квасец
една лажичка шеќер и сол
лажица маслиново масло
200 мл млака вода
чаша и пол излупени домати
чаша сечкана пиперка
150 гр пеперони салама
250 гр моцарела
ПОДГОТОВКА:
Растворете го квасецот во млака вода со шеќер и масло, па оставете да нарасне. Измешајте брашно со лажичка сол, додадете квасец и замесете тесто. Оставете на топло место да нарасне. Потоа поделете го на четири дела, расукајте го со сукало, одозгора покријте го со сечканата кора, па намачкајте ја пиперката , тенко исечената салама и исечканата моцарела. Преклопете и цврсто притиснете ги краевите. Се префрлаат во плех обложен со хартија за печење и се пече во рерна на 250 степени 10-15 минути.



GIPHY App Key not set. Please check settings