in

Какво влијание има клима уредот врз здравјето?

Во услови на екстремна топлина и студ може да се каже дека клима уредите спасуваат животи.

И покрај тоа што климатизацијата во просторијата може да предизвика одредени здравствени проблеми, нема доволно научни истражувања на оваа тема, но во услови на екстремна топлина и студ може да се каже дека клима уредите спасуваат животи.

Според истражувањето објавено во The Lancet, помеѓу 2000 и 2019 година, околу 489.000 смртни случаи годишно може да се припишат на топлина, при што 45 проценти се случуваат во Азија и 36 проценти во Европа.

Една од посеопфатните студии за влијанието на климатизацијата врз здравјето беше објавена во списанието BMC Public Health, а фокусот беше на влијанието на прилагодувањата на воздухот и температурата преку системите за греење, вентилација и климатизација (HVAC) врз пациентите во болниците. .

Севкупно, системот за HVAC се покажа како корисен за закрепнување на пациентот, особено во контекст на подобрување на виталните знаци, намалување на срцевиот стрес, забрзување на закрепнувањето и зголемување на физичката активност. Употребата на HVAC системи ја намали смртноста на пациентите и го скрати престојот во болница за пациентите со респираторни заболувања.

Една студија за влијанието на климатизацијата врз здравите луѓе, студенти, беше спроведена од Школата за јавно здравје Харвард Чан.

Се покажа дека покачените температури во просториите без климатизација за време на топлотен бран негативно влијаат на когнитивните функции кај младите здрави луѓе, пренесува City Magazine.

Доколку клима уредите не се одржуваат правилно, може да се акумулираат бактерии и мувла. Дишењето на таков воздух може да предизвика респираторни проблеми и алергиски реакции, а една од бактериските болести која може да се шири е легионерската болест.

Покрај тоа, треба да се грижите за разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура бидејќи ненадејната транзиција може да предизвика стрес за телото – главоболка, замор и болки во мускулите.

Воздухот од клима уредот не треба да се насочува директно кон луѓето. Подобро е да го насочите кон таванот или ѕидовите за да постигнете порамномерна распределба на оладениот воздух.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Ќерката на шеикот од Дубаи го остави сопругот преку Инстаграм

Стенли Кјубрик имал необични барања на снимањето на филмот „With Eyes Wide Shut“