Печен карфиол со јогурт и пармезан, ручек за цело семејство.
Состојки:
– 1 средно карфиол
– 1 јајце
– 2 дл јогурт
– 2 лажици пржен сусам
– 2 лажици пченкарно брашно
– 1 лажичка сув магдонос
– сол, бибер
– малку пармезан
– малку маслиново масло
Подготовка:
Карфиолот измијте го и поделете го на цветчиња. Ставете го во зовриена посолена вода да се свари на половина.
Не треба да биде премногу меко. Кога ќе се свари, кратко покријте го со ладна вода, а потоа исцедете го.
Додека карфиолот се лади, изматете го јајцето во сад, додадете погуст јогурт, потпечениот сусам, брашното, солта, биберот и магдоносот. Смесата треба да биде погуста од онаа за палачинки.
Огноотпорниот сад малку подмачкајте го, во смесата со јогурт убаво извалкајте ги цветчињата карфиол и наредете ги во садот. Прелијте ја преостанатата смеса врз карфиолот. Посипете со магдонос и пармезан.
Се пече во рерна околу 20 минути на 200 степени додека не добие убава кора.
Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings