in

Ќе ве освои: Поховано пилешко на сосема нов начин, во рерна

Покрцкава верзија на омиленото јадење.

Прженото пилешко е стара добра кулинарска класика – брашно, јајца, презла и тоа е тоа. Но, секогаш постои друг начин. Со овој рецепт, наместо вообичаеното јадење, ќе добиете нешто сосема поинакво, со побогат и поинтересен вкус.

Состојки:

400 гр пилешко без коски
1 јогурт
1 лажичка куркума
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка сол
прстофат бибер
2 лажици путер од кикирики
2 лажици масло
околу 200 гр корнфлекс
Подготовка:

Пилешкото исечете го на парчиња со саканата големина и ставете го во сад. Додадете јогурт, црвен пипер, куркума, сол и бибер. Додадете две лажици путер од кикирики и сè добро измешајте. Оставете го да отстои во фрижидер најмалку еден час.

Раскршете го корнфлексот со раце. Секое парче месо ставете го во корнфлекс, потоа во сад за печење обложен со хартија за печење. Попрскајте го секое парче со неколку капки маслиново или друго масло по желба.

Се пече на 200 °C околу 20 минути (во зависност од големината на парчето месо), се врти, па се пече уште 5 минути. Послужете со прилог по желба.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

НИКОГАШ НЕМАВ НАМЕРА ДА ГО ИЗНЕМАМ МАЖОТ, НО ТОА СЕ СЛУЧИ! Ова се приказните на жените кои извршиле ПРЕВРАТА и ова се нивните причини

Дали науката знае доволно за да го реши проблемот со пластиката во морињата и другите средини?