Неверојатна сцена се случи на Азиските игри во Аичи-Нагоја, каде што кинеската џудистка Танг Џинг беше дисквалификувана поради наводно гризење на противничката.
Инцидентот се одвивал во четвртфиналната борба во категоријата до 70 килограми, во која Танг се натпреваруваше со Јапонката Рин Маеда.
Во еден момент, додека двете џудистки биле на подот, Маеда се пожалила на судијата и покажала кон својата рака. Според извештаите, на нејзината подлактица имало траги кои наликувале на отпечаток од заби.
Судиите ја прегледале снимката од натпреварот и одлучиле да ја дисквалификуваат Танг поради неприфатливо однесување.
Иако кинеската џудистка не изгледаше задоволна од одлуката, на крајот таа се ракувала со својот противник пред да го напушти борилишното поле.
Јапонскиот тренер Маки Цукада изјавил дека ваква ситуација никогаш не видел во својата кариера, додавајќи дека трагите на раката на Маеда биле јасно видливи, дури и со заштитната лента.
По инцидентот, Маеда продолжила со натпреварите и на крајот го освоила златниот медал, побеждувајќи ја Казахстанката Азхар Ашкат во финалето.
Таа подоцна споделила дека чувствувала болка по настанот, но адреналинот ѝ помогнал да продолжи.
По дисквалификацијата, Танг Џинг не даде изјава за медиумите.


