in

Која храна треба да престанеме да ја јадеме ако сакаме да живееме до „стотка“?

Ако сте поминале дури и неколку минути читајќи за долговечноста, веројатно знаете дека редовното консумирање одредени намирници го продолжуваат животот. Ова е една од причините зошто толку многу лекари ја поддржуваат медитеранската исхрана. Исто така важи и обратното: научно е докажано дека одредена храна го скратува животниот век.

Диететичарот и експерт за долговечност Џенифер Шајнман вели дека треба да ја минимизираме потрошувачката на ултра-обработена храна доколку сакаме да живееме долг и здрав живот.

„Треба да се ограничи ултра-обработената и нездравата храна, особено високо рафинираните житарки и оние со додаден шеќер. Овие намирници имаат мала или никаква хранлива вредност, но тие се вкусни, што прави тешко да им се одолее“, рече таа.

Примери за таква храна се чипсот, слатките, бонбоните и газираните сокови.

„Ултра-обработената храна содржи адитиви, вештачки ароми, бои, засладувачи и конзерванси. Постојат докази дека консумирањето четири порции ултра-обработена храна дневно е поврзано со 62% зголемен ризик од смртност од сите причини“, додаде диететичарот Кери Хокинс.

Хокинс додава дека ултра-обработената храна има тенденција да биде богата со натриум и заситени масти, додека носи мала хранлива вредност на трпезата.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Кои сексуални односи треба строго да се избегнуваат?

„Шест години трпев психичка тортура“: Голема расправија меѓу Иван и Јелена – ги изнесоа сите „валкани алишта“