in

Латвиец фатен на Богородица: Превезувал 10 мигранти од Египет

Синоќа околу 22 часот, полицијата во близина на селото Богородица приредила акција во која бил уапсен 59-годишен маж од Латвија поради сомнеж за превезување мигранти.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, за време на контролата на патничкото возило „Фиат Типо“ со скопски регистарски таблички управувано од латвискиот возач, биле пронајдени 10 мигранти, сите од Египет.

Мигрантите се пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а возачот е приведен во Полициската станица Гевгелија. Од МВР најавуваат дека ќе се преземат соодветни мерки и ќе биде поднесена пријава по целосното завршување на истрагата.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Флорида денеска ќе изврши 13-та смртна казна во годинава

11 нови случаи на ХИВ во Македонија за еден месец: млад пациент од 20 години