Фантастичен избор за вистинските љубители на чоколадо . Едноставната подготовка, едноставните состојки кои повеќето од нас постојано ги имаат во кујната само придонесуваат уште повеќе да ја засакате оваа торта. Дури и кога ќе го додадеме екстремно краткото време за подготовка, нема сомнеж дека оваа торта ќе стане една од вашите омилени по првиот пат кога ќе се подготви!
Еве еден рецепт за фантастичен лава колач .
Состојки:
4 јајца
шеќер 120 грама
маргарин за готвење 250 грама
чоколадо за готвење 250 грама
брашно 160 грама
Како да се подготви:
Изматете 4 јајца со 120 грама шеќер.
Во друг сад измешајте 1 маргарин со 250 грама растопено чоколадо и убаво изматете.
Сега измешајте ги овие две смеси со додавање на чоколадната смеса во смесата со јајца и шеќер.
Во новоформираната смеса додадете уште 160 грама брашно.
Подмачкајте ги калапите и посипете ги со брашно за полесно отстранување на колачињата.
Наполнете ги калапите до врвот.
Се пече 7 минути во загреана рерна на 200 степени.



GIPHY App Key not set. Please check settings