Уште подобри од Болоњезе, макарони со 2 вида сирење во кремаст сос.
Тестенините се првиот избор кога ви треба нешто брзо и вкусно. Макароните во кремаст сос со 2 вида сирење се одличен избор за лесна вечера или ручек. До шпоретот ќе стоите помалку од половина час, а целото семејство може да го јаде оброкот. Можете да послужите со салата.
Подготовка : Сварете макарони и зачувајте 100 ml од таа вода. Во тавче пропржете го ситно исечканиот кромид и лукот, па додадете ја доматната паста и водата во која се варени макароните. Потоа додадете сол и бибер, а потоа истурете ги зачините. Добро измешајте, па истурете млеко и павлака за готвење. Промешајте, па додадете ги сварените макарони, ренданите сирења и путерот. Мешајте додека се се соедини.



GIPHY App Key not set. Please check settings