in

Марио Арангеловски наполни 31 година и ги прозва пријателите за заедничките фотографии!

Марио Арангеловски денес го слави својот 31-ви роденден. Освен бројните честитки од пријателите и семејството, внимание привлече неговото роденденско обраќање на социјалните мрежи.

Тој им се заблагодари на сите за убавите желби, но и сподели забавна забелешка до своите пријатели, кои секоја година му честитаат со заеднички фотографии и видеа.

Марио се пошегува дека неговите пријатели намерно пребаруваат во своите галерии за да ја пронајдат најлошата фотографија со него, која потоа ја објавуваат на сторијата. „Сакам да се заблагодарам на сите за честитките. Но, сакам и да напоменам дека моите пријатели, кога објавувате стории со слики и наши видеа, верувам дека влегуваат и го бираат најдосадното. Потоа ја објавуваат со пораки како ‘Happy Birthday’,“ рече Марио.

Тој посочи дека по објавувањето тие не само што ги споделуваат неговите стории, туку и на сите им ставаат до знаење дека не е во најдобро издание на фотографиите.

Но, Марио веќе има план за следната година за да го реши овој „проблем“. „Планирам до следниот роденден да направам професионални фотографии со сите нив, за да следниот пат, кога ќе полнам 32 години, да имаат подобри опции за објавување и самиот да не се чувствувам непријатно да ги споделам,“ заврши тој. Очигледно, годинава доби многу честитки, но и испрати јасна порака до пријателите – наредната година нема повеќе оправдувања за лошите фотографии!

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Денеска се одбележува Националниот ден на мачките – ден посветен на нашите миленици!

Мбапе се извини по контроверзна изјава за Мао Це Тунг