in

Мбапе се извини по контроверзна изјава за Мао Це Тунг

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе се нашол во тешка ситуација поради неговиот коментар за поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг, кој предизвика значителни негативни реакции во Кина. Изјавата, која беше дел од интервју, повторно стана актуелна и доведе до дипломатски проблеми и комерцијални последици.

Сè започнало кога Мбапе зборуваше за мемиња на интернет, во кои неговото лице било поставено врз слики од познати историски личности. На прашањето кое од нив најмногу го насмеало, тој ја спомена фотографијата на која е монтиран врз телото на Мао Це Тунг.

„Најмногу ме насмеа едно видео што некој го направи од еден тип… мислам дека беше кинески диктатор“, изјавил фудбалерот.

Неговиот коментар предизвикал не само реакции на социјалните мрежи, туку и неколку кинески компании прекинале соработки со него. Ситуацијата дополнително се комплицираше и во однос на емитувањето на натпреварите од шпанското првенство во Кина.

Откако се соочи со критики, Мбапе одлучи да се извини, објавувајќи порака на француски, англиски и кинески јазик. Тој изјави дека неговиот коментар бил непромислен и дека разбрал како се почувствувале многу луѓе во Кина.

„Им се извинувам на сите што ги вознемирив со моите зборови. Тоа не ми беше намерата. Имам длабока почит кон кинескиот народ и неговата историја и искрено ми е жал“, додаде фудбалерот.

И покрај извинувањето, ситуацијата продолжи да предизвикува дискусии за тоа колку внимателни треба да бидат светските спортисти со своите јавни изјави, особено кога се однесуваат на чувствителни историски и културни теми.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Марио Арангеловски наполни 31 година и ги прозва пријателите за заедничките фотографии!

Васил Ангелов се врати со победа од Киргистан, открива како ќе ги искористи наградите!