in

Васил Ангелов се врати со победа од Киргистан, открива како ќе ги искористи наградите!

Младиот и талентиран пејач Васил Ангелов беше гостин во најновото интервју на Хајп МК, каде што зборуваше за своите музички почетоци, досегашните успеси и амбициите за иднината.

Неодамна, тој направи голема радост за Македонија со победата на меѓународниот музички натпревар во Киргистан, што значи важен напредок во неговата кариера.

Во интервјуто, Ангелов зборуваше за тоа како започнала неговата кариера, кој му помагал во успехот и колку е важно да се има добар тим. Посебна важност е дадена на фестивалскиот настап, како и на методите за избор на песните и подготовките за овој значаен музички настан.

Интервјуто открива и детали за неговиот најголем музички идол, легендарниот Тоше Проески, кој имал големо влијание на неговиот пат, а Васил сподели и која песна на Тоше му е најмила. Младиот пејач зборуваше и за своите амбиции и целите кои планира да ги достигне во иднина.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Мбапе се извини по контроверзна изјава за Мао Це Тунг

Кристијан Колоко – новото засилување на Црвена звезда